следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Трет Светски форум на сертифицирани училишни установи со LabelFrancÉducation 2016

Учество на гимназијата „Орце Николов“ на форумот

 

Третиот светски форум на сертифицирани училишни установи со LabelFrancÉducation 2016 беше организиран од страна на француското Министерство за надворешни работи и меѓународен развој, и неговите оператори, Агенцијата за настава на француски јазик во други земји и Францускиот институт и неговите партнери, Меѓународниот центар за педагошки студии и ТВ5 Монд.

На овој форум, кој се одржа на 20 и 21 јуни во Севр и во Париз, учество зеде и скопската гимназија „Орце Николов“, со две учеснички: г-ѓа Сунчица Поповска, директорка на гимназијата, и г-ѓа Сузана Стојчевска, педагошки координатор за двојазична настава.

Преземете го резимето на гимназијата „Орце Николов“ за учеството на овој форум (на француски јазик).