следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

17-то издание на Регионалниот летен универзитет во Струга


Годинава, по 17-ти пат, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје го организираа Регионалниот летен универзитет во Струга, на кој учествуваа повеќе од сто професори по француски јазик од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Естонија и Литванија.
Универзитетот беше свечено отворен во понеделник 4 јули 2016, во 18ч30, во хотелот „Дрим“ и заврши на 8 јули 2016 година.

Овој Летен универзитет, којшто секоја година доживува сè поголем успех,  е значаен за континуираната обука на професорите и наставниците и се организираше во партнерство со Министерството за образование и наука на РМ, како и со бројни регионални партнери.

Универзитетот им овозможува на професорите и наставниците да стекнат нови познавања во доменот на наставата по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик.

Програмата овозможи следење на шест модули за обука, кои ги водеа врвни француски обучувачи, но и богати франкофонски активности, како презентации, работилници и размени на професионално ниво.

Професорите на крајот на обуката добија официјален сертификат за учество.

 

Повеќе информации за овогодишното издание на Летниот универзитет на овој линк.