следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Француски јазик од нижите одделенија до завршните класови, можно е!

Изучувањето на еден јазик во образованието се реализира низ континуирана настава од нижите одделенија, па сè до високото образование. Францускиот институт во Скопје инсистира на таа логика, како кај македонските образовни институции, така и пред надлежните лица.

На тој начин, во неколку основни училишта, со наша поддршка, се одвива програма за сензибилизација кон францускиот јазик; наставничките вклучени во проектот го воведуваат постепено францускиот јазик по одредени предмети (ликовно образование, математика, музичко образование, запознавање на природата и општеството и физичко воспитување). Откако ќе завршат петто одделение, учениците може да се пријават за полагање на испитот Delf Prim.

Клучната етапа е на почетокот на вишите одделенија (шесто одделение) со изборот на вториот странски јазик, при што англискиот е задолжителен прв странски јазик. Заложба на Францускиот институт во Скопје е на учениците да им се даде еднаква можност да го изберат францускиот јазик, како што може да одберат и други јазици, според европските препораки, а сè со цел да се обезбеди јазична разновидност. Во основното образование, францускиот јазик е најзастапен како втор странски јазик.

Средното училиште нуди можност за понатамошно продлабочување на изучувањето на јазикот, особено преку проектот кој опфаќа седум билингвални франкофонски паралелки, од кои шест функционираат во општи средни училишта, а една во средно стручно училиште. Учениците запишани во овие паралелки не само што имаат дополнителни часови по француски јазик, туку изучуваат и најмалку два предмета коишто се предаваат на француски јазик (DNL). Тие може да го валидираат своето специфично образование со полагање на завршниот тест за билингвално образование. Акцентот е ставен на мобилноста на младите, а Францускиот институт во Скопје редовно ги поддржува училишните размени што овие македонски училишта ги прават со училишта од Франција. Овој контакт со нашата земја и нашиот јазик е засилен секоја година со присуство на две француски лекторки кои работат со учениците, а исто така им помагаат и на наставниците во нивната работа. Билингвалното образование има и регионална димензија; проектот „Almaktice“, развиен во соработка со албанските франкофонски паралелки, треба наскоро да доведе до креирање на платформа за споделување на дидактички документи за наставата DNL.

Покрај тоа, Францускиот институт во Скопје организира или помага во организирањето на натпревари или настани со цел да се промовира францускиот јазик, Франција и Франкофонијата. На тој начин, Францускиот институт се придружува кон напорите на наставниците и на учениците коишто се креатори на тие манифестации, со поддршка на директорите.