следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Летен универзитет во Струга 2015

 

Амбасатата на Франција и Францускиот институт во Скопје го организираа шеснаесеттиот Летен универзитет во Струга, кој се одржа oд 29 јуни до 3 јули 2015 година, во хотелот „Дрим“.

Годинава овој значаен педагошки образовен настан понуди 5 наставни модули, што ги водеа квалифицирани обучувачи, а беа наменети за наставници и професори по француски јазик од Македонија и од регионот: Србија, Косово, Албанија, Словачка и Хрватска.

Летниот универзитет во Струга со текот на годините добива на квалитет и наидува на голем интерес кај образовниот кадар од земјава и од регионот.

Повеќе за овогодишното издание на Универзитетот.