следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Специјална понуда на ЕФИС
 

За да го одбележи своето 15-годишно постоење и бројката од над 1 000 ученици, градинката при Француското Интернационално Училиште во Скопје - ЕФИС, кое е сертифицирано од страна на македонските власти како основно училиште - партнер на Француската Лаична Мисија (основа на францускиот училишен систем), нуди намалена школарина од 12.000 денари за децата кои отсега ќе се запишат во пред-малата и малата група.

На овој начин училиштето има желба да ги зголеми своите напори во насока на продолжување на извонредната училишна работа, која се изведува на три јазици (француски, мајчин јазик и англиски) уште од најрана возраст и во текот на школувањето.