следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Средба на професионалци од универзитетската сфера 

Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Францускиот институт во Скопје и Националната агенција за европски програми и мобилности на Македонија

Мобилности - Партнерства - Соработка со Франција

 

Со цел подобра подготовка на иднината на Европа, училишните и универзитетските установи во Македонија имаат можност да се потпрат на соработката со француските институтции за да се зголеми мобилноста на младите и на професорите, како и да се отпочнат нови и квалитетни проекти за соработка.

За таа це, Францускиот институт во Скопје организираше средба за професионалците од универзитетската сфера, која се одржа на 10 декември 2014, во просториите на Францускиот институт во Скопје

Во рамките на оваа средба, беше потпишан Меморандум за собработка, помеѓу г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот институт во Скопје, и г-дин Дарко Димитров, Директор на Националната агенција за европски програми и мобилности на Р.Македонија.


Овој чин на потпишување ќе придонесе во зголемување на мобилноста на студентите, користење на европските програми Ерзамус Плус, како и во развој на соработката помеѓу македонските и француските универзитети.

 

*   *   * 

Програма : 

10:00
Пречек на учесниците 
Претставување на учесниците

10:15- 10:45
Излагање на г-ѓа Изабел Марки-Барбо, директорка на Францускиот институт : „Предизвиците на мобилноста за студенти и можностите за соработка со Франција“

10:45-11:15
Излагање на г-дин Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

11:15-11:45
Споделување на искуства со студентска размена, г-ѓа Катрин- Амели Шасен, професор по меѓународно и европско право на Универзитетот во Каен и во присуство на неколку студенти од Каен

11:45-12:30
Дебата – дискусија
Размена на искуства помеѓу учесниците

13:30-14:30
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Работилница: Подготвување на кандидатура за ERASMUS+ (март 2015) - практична помош околу пополнување на формуларот.
Прашања - одговори