следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

50-то издание на Меѓународниот музички напревар во Тулуз

од 1ви до 6 септември 2014

Меѓународниот музички натпревар во Тулуз, чија цел е откривање на идните таленти, е основан од градот во 1954 година и е отворен за младите пејачи од целиот свет.
Некои од најславните имиња на меѓународната музичка сцена се наградени токму на овој конкурс.
Членовите на жирито се професионални оперски музичари, директори, уметнички директори или одговорни лица на светски реномирани дистрибутивни куќи.

Секоја втора година, граѓаните на Тулуз страствено го следат полу-финалето и финалето на овој натпревар. Настанот е впишан во културата на градот, кој музичката уметност ја вградил во својата историја.

Он-лајн формуларот за пријавување треба да се испрати најдоцна до 26 мај 2014.

Откријте ги ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ ЗА УЧЕСТВО на овој натпревар.