следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Одбележување на Елисејскиот договор и
француско-германското пријателство со прикажувањето на документарниот филм

„Си била една шума“
од Лик Жаке (2013)

Четврток 23 јануари 2020 година, 19:00 ч. | Кинотека на Северна Македонија

Амбасадите на Франција и Германија, секоја година го одбележуваат Елисејскиот договор и меѓусебното пријателство.
Годинава, овој настан ќе биде одбележан со проекција на прекрасниот документарец на Лик Жаке, којшто раскажува за шумите и е глас за поддршка на борбата против глобалното затоплување.

Не пропуштајте го!

Резервација и подигнување на билети во Кинотека: 02 30 71 814, 30 65 968.
*   *   *


За прв пат, тропска шума ќе се роди пред наши очи. Од првиот раст до цветањето на џиновските дрвја, од крошна до поврзувањето на растенијата и животните, пред нашите очи ќе поминат не помалку од седум века. Лук Жаке со години ја снима природата со цел да го воодушеви гледачот преку приказ на единствена и возбудлива приказна. Неговата средба со ботаничарот Франсис Але е во основата на овој филм, којшто говори за природното наследство и богатства со шуми во тропските предели, коишто додаваат поетика и волшебна магија на овој филм. „Си беше еднаш една шума“ е единствена можност да се нурнете во овој див свет, останат во својата првобитна состојба, и е во совршена рамнотежа бидејќи секој организам - од најмал до најголем - е поврзан другите и игра суштинска улога.