следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Претставување на победниците на натпреварот на Интернационалната Школа за моделирање и моден дизајн Изет Цури

Модна изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје

Вторник 19 ноември, 18 часот | Француски институт во Скопје


Тројца студенти од Интернационалниот институт за мода Изет Цури, со поддршка на Францускиот институт, во месец септември го посетија Париз и Саемот за прет-а-порте, како и други модни институции.

Мусли Каралити, Марина Карчевска и Меланија Николоска ќе ги претстават нивните креации во излогот на Институтот и ќе ги споделат впечатоците за модата и трендовите по посетата на Париз.

Им отстапуваме место на младите таленти!