следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Дебата на идеи

Предавање на г-дин Жан-Ив Лавоар
„Градење на идентитетот“

Вторник 22 октомври 2019, 18 часот | Француски институт во Скопје

 

Г-дин Жан-Ив Лавоар, дипломат и поранешен советник за култура и соработка и директор на Францускиот институт во Скопје, се враќа на кус престој во Северна Македонија за да одржи предавање.

Тој ќе одржи интересно предавање на тема градење на идентитетот: „Јас не сум филозоф. Оттука, немам намера да ви зборувам за мисловен систем. Не сум ниту научник. Оттука, ова предавање не е плод на истражувачка работа. Скромно ќе се повикам на традицијата на моралистите, на оние писатели коишто го набљудуваат човечкото однесување , без да систематизираат, ниту демонстрираат“, вели тој во неговиот воведен текст за ова предавање.

Понатаму, исто така, вели: „Денес сме соочени со парадоксот на еден свет којшто се воопштува под влијание на глобализацијата, а воедно и поттикнува на размисла за идентитетот од најразлични акпекти: регионални, национални, религиозни, културни.
Се чини дека колку повеќе разликите се топат, толку повеќе имаме потреба истите да ги оживееме или да создадеме нови...“.

Дојдете на ова интересно предавање!