следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Класична музика

Концерт во рамките на Фестивалот за класична музика Скупифест

Сихана Бадивуку - виолина
Ерик Куреж - виолончело
Блерим Груби - виола

Среда 16 октомври 2019, 19:30 ч. | Даут пашин Амам

Програма:
Гаспар Касадо : Suites n° 1 и 3
Камиј Сен-Санс: „Лебед“
Жил Масне: „Медитации од Таис“
Лудвиг Ван Бетовен: Трио Опус 9 n°1 во G- Major

Ерик Куреж е музички уметник, по потекло од Франција, и и’ припаѓа на генерацијата високо ценети виолинисти. Тој е солист во Филхармонискиот оркестар во Монпелие, солист во оркестарот Мануре, потоа редовно настапува и во Париската опера, со Националниот оркестар на Франција, под диригентство на некои од најголемите имиња, како Лорен Мазел и Сеижи Осава.

Паралелно настапува на бројни концерти како солист и со камерни оркестри во Франција, Кореја, Јапонија, Израел, Турција, Италија, Шпанија, Тунис, Норвешка, Германија, Полинезија, Нова Каледонија, Мексико. Настапувал со пијанистите Ерик Бершо, Димитрис Сароглу, со виолинистите Рене Бенедети и Флоран Одибер, со виолинистите Оливие Шарлие, Филип Брајд, Стефан Рилијеr.

Куреж, исто така, свири во ансамблот „2E2M“, ансамблот „Калиопе“ и во квартетот „Ермарк“, чијшто основач е самиот тој. 

Куреж изведува најразлични музички жанрови во комбинација со други изведувачи, како на пример џез музика со Пјер Бланшар, Чико Фриман и Мишел Легран, рок со Џони Холидеј и Еди Мичел, забавна музика со Шарл Азнавур и Анри Салвадор, џипси музика со Жорж Замфир, како и музика од светот со групата „И Муврини“.

Ерик Куреж ќе настапи во Скопје со двајца познати солисти: Сихана Бадивику на виолина (Косово) и Блерим Групи на виола (Северна Македонија). 

Не пропуштајте!