следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Книжевност - филм

Проекција на документарниот филм „Враќањето на Бувие“
на Јордан Плевнеш и на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА - Скопје (1995)
Предавање на Јордан Плевнеш во знак на отворање на проекцијата

Четврток 3 октомври 2019, 19 часот | Центар за култура - Битола

 

Во 2019, Никола Бувие (март, 1929 – февруари 1998) би имал 90 години. 

Во период од педесет години овој француско-швајцарски писател го истражувал светот. Денес е репер за сите писатели патеписци и вљубениците во авантурата и културната размена со другиот.

Во 1953 година Бувие ја напушта Женева и се упатува кон Белград, од каде што заедно со својот пријател Тиери Верне, тргнува на пат кон Македонија, Грција, Турција, Иран и Авганистан.

Тие неколку недели двајцата пријатели престојуваат во Прилеп, во „еден мал град во Македонија кој се наоѓа западно од Вардарската долина опколен со планинските предели“- од книгата Употреба на светот (1963).

Во овој трогателен документарен филм еминентниот македонски писател и драматург Јордан Плевнеш во придужба на Клод Дер Вен, сликар и долгогодишен пријател на Македонија, се упатува кон Женева на средба со славниот пистаел Никола Бувие и потоа заедно се враќаат во Прилеп.

Во соработка со Француската алијанса во Битола и Центар за култура - Битола.