следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Видео уметност

Учество на двајцата француски уметници Милош Лизински, алијас A-Phian,
и Жереми Ори, алијас Prism, на „Бела ноќ“ во Скопје

Сабота 5 октомври 2019, 20 часот | Паркинг спроти седиштето на „Макпетрол“

Двајца француски уметници ја освоија првата награда на видео мапинг на овогодишниот Skopje Art Light District фестивал, којшто се одржа на почетокот на месец јуни.

Милош Лизински, алијас A-Phian, и Жереми Ори, алијас Prism, двајцата видеасти и ликовни уметници, се поканети на „Белата ноќ“ со еден интересен предизвик: да постават видео инсталација на фасадсата на паркингот наспроти седиштето на „Макпетрол“.

Дојдете да го погледнете овој уникатен видео перформанс!

Во соработка со Универзална сала во Скопје.