следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Престој на сликарот Рафи Кајзер во Скопје

од 23 септември до 6 октомври

Рафи Кајзер е роден во 1931 година во Ерусалим. Овој француско-израелски уметник денес живее во Париз. Познат е по прекрасните цртежи од Кина, Израел и Јапонија.

Во 1967 година, Рафи Кајзер ја освојува наградата Адолф Нојман, а беше прогласен и за најдобар странски уметник во Музејот за модерна уметност во градот Париз. Потоа реализира индивидуални и колективни изложби во Англија, Белгија, Швајцарија (меѓународна изложба во Базел), Канада (Отава, 1978), САД (во 1969 година во музејот Сагинава во Мичиген), во 1975 година во Музејот на Евреите од Њујорк и во Големата палата во Париз (1977).

Во 1978 година, уморен од популарноста и во потрага по нови предизвици, тој се повлекува во Јудејската и Негевската пустина, каде што целосно го менува начинот на работа: поаѓајќи од имагинарни предмети преминува кон опис на пејзажи, од сликање во боја кон црно-бела техника, како и од сликарска техника до цртежи. Со повлекувањето во израелската пустина отпочнува нов циклус на патувања. Најпрвин, во 1987 година, заминува на шестмесечен престој во Кина, потоа во Јапонија и на крај во Израел.

Делата на Рафи Кајзер денес се изложени во музеи и галерии низ целиот свет, во САД, Јапонија итн. Првата голема ретроспектива на неговите дела се одржа во Институтот Морат, кој во 2012 година, за прв пат, беше домаќин на серијалот дела Продолженија (од Кина, Јапонија и Израел) во рамките на изложбата Патување на патувањата.

Во рамките на неговиот престој во Северна Македонија, којшто се реализира на покана на Францускиот институт во Скопје, уметникот ќе се запознае со земјата, планините и нејзините пејзажи, а потоа неговите дела ќе бидат изложени во просториите на Францускиот институт во Скопје.