следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“  

Од сабота 14 до сабота 21 септември 2019
Центар за култура Битола


40-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 21 септември 2019 година и, како и на претходните изданија, ќе бидат прикажани француски филмови.

Два француски филма се во официјална конкуренција:
„Проклетници“ од Лаџ Ли (2019), со Дамјен Бонар, Алексис Маненти и Жебрил Дидие Зонга
Стефан, веднаш по пристигнувањето од Шербур, и’ се приклучува на полициската група за антикриминални дејствија во Монфермеј, во 93 арондисман. Тука ќе запознае двајца искусни колеги, Крис и Гвада, а набрзо ќе ги увиди и тензичните односи помеѓу различните групи во квартот. Во миг кога се под притисок за време на една акција, дрон ги снима и најмалите гестови и движења.

„Синоними“ на Надав Лапид (2019), со Том Меркиер и Луиза Шевојот 
Јоав е малд Израелец, којшто пристигнува во Париз со надеж дека Франција и францускиот јазик ќе го спасат од лудилото коешто ја има зафатено неговата земја.

На затворањето на фестивалот, в сабота, 21 септември, во 20 часот, во Центарот за култура во Битола, наградата „Златната камера 300“ ќе му биде доделена на Јоргос Арванитис, француско-грчки директор на камера, познат по неговата соработка со Тео Ангелопулос, но и со браќата Дарден, Амос Житаи, Ради Михаилеану или Марко Белокио.