следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Отворање на изложба 
Инсталација на Пол Гунон


Петок 13 септември 2019, 19 часот | Галерија „Акантус“

 

Пол Гунон е млад француски уметник, којшто, на покана на галеријата „Акантус“, престојува во Скопје од 13 август до 15 септември, како дел од Европската програма за мобилност И-Портунис.

Уметничките креации на Пол Гунон се наоѓаат некаде помеѓу историјата како инспирација и раскажувањето приказни.
Низ археолошкиот пристап или системските репрезентации, начинот на изработка на скулпури на овој уметник бара едно поинакво восприемање на вредноста на квалитетот на предметите и материјалите: тој изработува имитации на антички скулптури со намена да се украсат влезни градини, од остатоци на улица, од парчиња сурова глина... Поставувајќи ги сите овие елементи во една историска микрофикција, Гунон ја преиспитува веродостојноста на познавањата и постоечката вредност помеѓу она што е прифатено како точно и неточно. 

За време на неговиот престој, Гунон ќе работи на изработка на скулптури на тема Скопје, но и други дела кои ќе бидат можете да ги погледнете на изложбата во галеријата „Акантус“.