следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО

Француска вечер во рамките на фестивалот Охридско лето со дуото:
Жое Кристоф – кларинет 
Венсан Миса - пијано

Сабота 10 август 2019, 20 часот | Црква Света Софија во Охрид

Жое Кристоф ги започнува студиите во родното место и потоа продолжува на Конзерваториумот во Валенсиен во класата на Каролин Делмот. По усовршувањето кај Оливие Дербес, професор на Конзерваториумот во 19 арондисман, Жое беше примен на Националниот конзерваториум за музика и танц во Париз под менторство на Филип Беро и неговиот помошник и колега Арно Лерој. Како реномиран кларинетист во оркестар, Жое е редовно ангажиран од страна на професионалните ансамбли како Оркестарот на Париз, Камерниот оркестар на Версај, Симфонија Поп Оркестра или Опера де Лимож кадешто работи како соло кларинетист. За време на европската турнеја во 2016, Жое настапува како соло кларинестист во Францускиот младински оркестар. Со вакво богато искуство тој добива шанса да настапува во престижните концертни сали како Париската филхармонија, Аудиториум на Радио-Франс, Гранд Рекс, Берлинскиот Концертхаус или Курхаус Мерано во Италија.

По завршувањето на своето образование на Конзерваториумот во Тулуз, Венсан Миса влегува во Националниот конзерваториум за музика и танц во Париз во 2014 во класата на Дениз Паскал. Истата година, за време на престојот во Cité internationale des arts, тој остварува многубројни средби кои му помагаат во експанзија на неговиот уметнички дух. Сакајќи да ги збогати своите знаења, во повеќе наврати изведува сонати на Бетовен и делата на Шопен во Академијата Абе де Ројамон. Кариерата ја збогатува како солист со 14-тиот концерт на Моцарт цо Камерниот оркестар на Нова Европа и, во последно време, со Кралскиот филхармониски оркестар на Лондон. Со доаѓањето на Филип Јаруски на чело на Академијата, во 2018 година има редовни професионални средби со пијанистот Давид Кадуш и со концерти на Новата Seine Musicale de l’île Seguin. Венсан Миса е лауреат на Фондацијата Ројамонт.


Програма на концертот : 
Франсис Пуленк, Соната за кларинет и пијано (14’)
Клод Дебиси, Првата рапсодија (8’)
Бела Ковач, Омаж на Клод Дебиси за соло кларинет (3’)
Анри Дутиле, На брановите, 6 дела за пијано (12’)
Роберт Шуман, Fantasiestücke Op. 73 (12’)
Јохан Брамс, оп.120 Соната за кларинет и пијано, N°1 (25’)