следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ТЕАТАР / ПРЕВОД 

Тркалезна маса со Доминик Долмиe, основач и претседател на Еуродрам 
„Преведување на театарски претстави“ 

Четврток, 13 јуни 2019, 11 часот | Центар за култура - Прилеп 

Францускиот институт во Скопје го помага доаѓањето на Доминик Долмиe, основач и претседател на Еуродрам, европска преведувачка мрежа за театарски дела. Toj ќе анимира тркалезна маса во рамките на традиционалниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, на тема преведување на театарски дела

Доминик Долмиу ја води Maison d’Europe et d’Orient заедно со Селин Барк, уште од нејзините почетоци. Тие заедно го реализираа колективниот проект од меѓународен карактер Мали/Мали во Источна Европа, потоа средбите наречени Генерална балканизација, како и фестивалите Југ/Исток и Пролет во Париз. Тој има предводено разновидни настани во дваесетина држави низ Европа, главно на Балканот и во областа Кавказ.

Доминик Долмие даде свој придонес во преведувањето на француски на неколку македонски театарски претстави, меѓу кои спаѓа и митскиот текст на Дејан Дуковски, „Буре барут“.