следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Отворање на изложбата
„Скопје-Ле Авр. Повратен билет”

Петок 31 мај 2019, 20 часот | Јавна соба

 

Изложбата е плод на една интересна размена помеѓу француски и македонски уметници.
Тројца млади македонски визуелни уметници, Александра Ацеска, Ана Ивановска и Ангел Миов, ги изложија нивните дела во ноември 2018 година, во галерискиот простор на градот Ле Авр, во рамките на француско-македонска средба. Иван Ле Судие, Кристијан Тангр и Доминик Диро доаѓаат на посета во Скопје.

Дојдете за да го видите резултатот од оваа уметничка авантура во форма на колективна изложба!