следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Научна конференција по повод стогодишнината од Версајскиот договор
„Границите во мировните договори - размена на гледишта помеѓу историчари и правници“

Четврток 16 мај 2019, 10 часот | НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола

*    *    *    * 

Преземете ја целосната програма на научната конференција

 

Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и УКЛО - Правен факултет во Битола, со поддршка на АЛДА и децентрализираната соработка со Регионот Долна Нормандија, имаат чест да ве поканат на научна конференција која се одржува по повод сто години од потпишувањето на Версајскиот договор.

На 28 јуни 1919 година, точно пет години по нападот во Сараево и веднаш по завршувањето на Првата светска војна, во Версај беше потпишан договор помеѓу Германија и Сојузничките сили. Овој договор ќе има големо влијание врз општеството во повоениот период. Конференцијата има за цел да истражи повеќе аспекти поврзани со овој договор.

Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и проф. д-р Сашо Коруновски, Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

Со учество на бројни експерти и интелектуалци од Франција, земјава и регионот.

Доколку сакате да присуствувате на научната конференција, ве молиме за потврда на: culture@ifs.mk

Следете го и учествувајте на настанот на социјалните мрежи: #Monastir2019

Настанот е со симултан превод.