следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ФИЛ(М)ОСОФИЈА ЗА ДЕЦА
со д-р Јоана Хокен (Johanna Howken) Роменвил, Франција

Петок 3 мај 2019

Jоана Хокен (Johanna Hawken) од Франција е доктор по филозофија и практичар чија страст за филозофијата и за светот на детството се поврзани во цврстото убедување за можноста од создавање филозофско образование за деца (од 5-16 годишна возраст). Водена од ова убедување, таа организира филозофски работилници низ цела Франција од 2009 год., а особено во Роменвил (источен Париз), каде што ја основа Куќата на филозофијата (Maison de la Philo) – експериментална структура посветена на филозофските практики со различни групи граѓани.
Хокен има објавено повеќе книги од областа на филозофијата за деца, а во сите нив се огледува нејзиното верување дека филозофијата може да биде од корист за сите деца, овозможувајќи им вистински да ги пресретнат промените, низ заедничка рефлексија и во дијалог за нашето заедничко постоење.

09:00 – 10:00 | Основно училиште
Филозофска работилница за деца: „Дали имагинацијата е моќна?“
Настан со деца од француска паралелка за демонстрација на методот (затворен настан)

12:30 – 14:30 | Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Предавање: „Филозофијата за деца и истражувањето на светови“
Воведно предавање за Филозофијата за деца, како и споделување на искуството од воведувањето на оваа филозофска практика во Франција (фокус: Куќа на филозофијата).

16:30 – 19:30 | Француски институт во Скопје
Работилница: "Фиктивни светови, реални светови: Филозофијата за деца преку филмот"
Работилница за наставници и друг образовен кадар, студенти, но и родители заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата уште од најрана возраст, на линија на препораките на УНЕСКО
*пријавување на contact@philosophicalfilmfestival.mk (максимум 20 учесници)
Честопати си мислиме дека филозофијата е една рационална, сериозна и херметичка дисциплина која размислува во еден апстрактен и крут свет. Но, во реалноста, филозофирањето, а особено со децата, претставува истражување на прашањата кои сите ние си ги поставуваме – прашања за животот, за светот, за луѓето. Покрај филозофијата, и филмот, исто така, се запрашува за егзистенцијата, но преку фикција. Преку неговата фиктивна, лудичка и истражувачка форма тој претставува една скапоцена основа за иницирање на филозофската пракса со децата.

19:30-21:00 | Француски институт во Скопје
Проекција на францускиот документарен филм за филозофската практика со деца
„Ова е само почеток“ (Ce n’est qu’un debut, 2010)
Слободен влез, ограничен број на места

Настанот е организиран од Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот филмски фестивал, а е поддржан од Францускиот институт во Скопје.