следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ

Официјално отворање на Скопскиот филмски фестивал

Среда, 17 април 2019, 20 часот
Кино „Милениум“


Уште од своите почетоци, Скопје филм фестивал, секоја година во програмата предвидува проекција на неколку француски филмови.

И годинава неколку француски филмови се во фокус на програмата на оваа голема годишна средба со европскиот филм:

Четврток 18 април 2019, 19:00 ч., Кинотека на Северна Македонија
„Оние кои работат“ на Антоан Рисбах (2018), со Оливие Гурме и Адел Боште (швајцарско-белгиска копродикција)
Франк е на висока позиција во голема компанија за поморски превоз и сиот живот и’ го посветува на работата. Кога ќе се соочи со еден одлучувачки момент за разрешавање на криза на еден товарен брод, Франк на своја рака итно ќе донесе одлука којашто ќе го чини работното место. Длабоко потресен и издаден од системот кому се’ му дал, тој се наоѓа во ситуација кога треба да го преиспита својот живот.

Сабота 20 април 2019, 19:00 ч., Кинотека на Северна Македонија
„Клер Дарлинг“ на Жили Бертичели (2018), со Катрин Денев и Кјара Мастројани
Во Вердон, селце во Оаз, првиот летен ден Клер Дарлинг се буди убедена дека го живее нејзиниот последен ден... Тогаш, таа решава да ја испразни куќата и да растрга се’, од лампата Тифани до часовникот од колекционерска линија. Толку саканите предмети ја потсетуваат на нејзиниот трагичен и турбулентен живот. Поради ова последно лудило, таа ќе ја  види и ќерка си, со која се немаат видено 20 години.

Недела 21 април 2019, 18:00 ч., Кино „Фросина“ 
„Светот е твој“ од Ромен Гаврас (2017), со Карим Леклу, Изабел Аџани и Венсан Касел
Франсоа, ситен дилер, има свој сон: да стане официјален дистрибутер на брендот Mr Freeze во Магреб. Животот за којшто сонува се растура кога дознава дека мајка му Дани ја потрошила сета заштета. Путин, луд шеф на градската банда, му нуди на франсоа предлог план за реализација во Шпанија за да се поправат нештата. Но, ништо нема да оди по планот кога ќе се вмеша најблиското окружување: Ламија, љубовта од детските години, Анри, очувот и поранешен затвореник тукушто излезен од затвор, двајцата пријатели по име Мухамед и мајка му, главна на женска гангстерската група џепчии.

Недела 21 април 2019, 22:00 ч., Кинотека на Северна Македонија 
„Климакс“ од Гаспар Ное (2018), со Софија Бутела и Ромен Гијермик
Раѓањето и смртта се неверојатни искуства. Животот е само минливо задоволство!

Вторник 23 април 2019, 20:00 ч., Кино „Фросина“ 
« Freak and chic » докуметарен филм на Јан Леноре (2018)
Филмот е приказна за настанокот на Fashion Freak Show, но најмногу за човекот којшто „копнееше да биде сакан“... Филмот говори за Жан-Пол Готје како визионер, но пред се’ за Готје како чувствителна личност. Шест месеци труд... Од создавањето на повеќе од 200 костими во славните ателјеа на Maison Gaultier до дизајнирање кореографии и видеа кои го прикаживаат шоуто, документарецот нè води зад сцената на еден фестивал на бои и материјали со ретка естетика.
По проекцијата следи дебата на тема „Модата и родовиот идентитет“.

Четврток 25 април 2019, 18:00 ч., Кинотека на Северна Македонија
„Див“ од Камиј Видал-Наке (2018), со Феликс Марити и Никола Дибла
Лео има 22 години и се продава на улица за малку пари. Мажите се менуваат, а тој останува на истотот место во потрага по љубов. Не знае следниот ден што ќе му донесе, тој талка со срце што бие силно...