следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

КНИЖЕВНА СРЕДБА И ПРОЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ
ОКОЛУ ЛИКОТ НА НИКОЛА БУВИЕ

Четврток 28 март 2019, 17 часот | Кинотека на Северна Македонија

 

=> РАЗГОВОР на Седрик Гра, француски патописец, автор на неколку романи помеѓу кои „Силна зима“ (2015, Награда Alphonse de Montherot) и поранешен директор на Француската Алијанса во Доњецк и Нижни Новгород, со Грегоар Леменаже, уредник на културната редакција на списанието Le Nouvel Observateur.

Со консекутивен превод.

-    -    -    -    -    -    -    -    -     -

 

ПРОЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРНИТЕ ФИЛМОВИ:

=> „Бувот и китот“ 
на Патрисија Платнер (1993)
За време на заедничката пријателска соработка со Патриција Платнер, еминентниот писател и фотограф ги открива причините за своето постоење, како и причините поради кои станал писател. 


=> „Враќањето на Бувие“ 
на Јордан Плевнеш и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје (2010)

Во овој документарен филм, еминентниот македонски писател и драматург Јордан Плевнеш, во придужба на Клод Дер Вен, сликар и долгогодишен пријател на Македонија, се упатува кон Женева на средба со славниот писател Никола Бувие и потоа заедно се враќаат во Прилеп. 

Со превод на македонски јазик. Влез слободен.