следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Патописна книжевност >> Предавање и изложба

Петок 22 март 2019, 10 часот | Филолошки факултет (свечена сала)


Настанот се организира во соработка со Амбасадата на Швајцарија

-   -   -   -
КНИЖЕВНА СРЕДБА „СЕГАЛЕН - РЕМБО, ВКРСТЕНИ ПОРТРЕТИ“
,
Средба и предавање на тема патописна книжевност, со учество на еминентни книжевници:
Жан-Лук Коаталем, новинар и писател, и
Рони Демеснер, библиотекар и историчар

Предавањето е со симултан превод и отворено е за публика

-   -   -   -
ИЗЛОЖБА ЗА НИКОЛА БУВИЕ „ПАТУВАЊЕ ВО СЛИКИ“

По повод Франкофонијата, на Филолошкиот факултет ќе биде отворена изложбата „Патување во слики“ на Никола Бувие.
Во оваа посебна прилика, библиотеката од Женева ги отстапува нејзините фотографии, факсимили како и многу други документи за овој значаен швајцарски писател и патописец.


*    *    *    *

Писател и новинар по потекло од Бретања, Жан-Лук Коаталем пишува за различни списанија како Grands Reportages и Géo на тема патувања. Романсиер, новелист и есеист, овој патописец ги има објавено расказите „Мисијата во Парагвај“, во издание на Payot/Voyageurs 1993 и „Патување во Виетнам“, во издание на Le Dilettante 1999, La Table RondePetite Vermillon 2008, комични романи како „Капетан“, во изадание на Flammarion 1991, „Синот на факирот“, во издание на Grasset 1998, Livre de Poche 2001. Коавтор е на два албума со илустраторот Лустал во Casterman.

Библиотекар и одговорен за часовите по историја на книгата, Рони Демеснер соработува со неколку списанија (Le Carnet et les Instants, Le Spantole, Inuits dans la jungle, …). Пет години по ред анимира книжевни средби во Бозар. Покрај ова, учествува и во подготовка на Речникот Rimbaud во издание на Laffont (2014).