следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Ноќ на идеите во Скопје

Предавање / дебата
„Како филозофијата ја гледа иднината?“
 

Четврток 14 февруари 2019, 18 часот
Француски институт во Скопје


Ноќ на идеите е отворена покана на меѓународно ниво за запознавање со предизвиците наспроти кои е исправена науката, но и за размена на мислења за актуелните проблематики на денешницата.

Ноќта на идеите во Скопје беше замислена како дијалогот/дебата помеѓу Делфин Морана Бирло, професорка на Универзитетот Париз 1 Пантеон-Сорбона, и проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје

Кои се главните предизвици со кои се соочува филозофската мисла во 21-от век?
Каде е местото на историјата на уметност помеѓу минатото и иднината?
Како да им се даде поголема присутност на општествените науки во образованието?

Ова се дел од прашањата на кои се разговараше на оваа отворена дебата.

Г-ѓа Делфин Морана Бирло зеде учество и на Меѓународната недела на Филозофскиот факултет, во организација на Филозофскиот факултет во Скопје, од 11 до 15 февруари 2019.

Со консекутивен превод.