следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ФРАНЦУСКИ КИНО-КЛУБ

Француски култни филмови

„Такси за Тобрук“

на Денис де ла Пателиер, со Елен Бал, Шарл Азнавур, Ролан Мале, Ролан Менар  

Понеделник 10 декември 2018, 20 часот
Кинотека на Македонија

 Проекцијата е во знак на омаж на големиот актер и пејач Шарл Азнавур

Во октомври 1942 година, во Тобрук, еден француски командос ги дига во воздух германските депоа со гориво. Четворица војници успеваат да избегаат и одеднаш ќе се најдат среде пустина. По цел еден измачувачки ден одење пеш, тие забележуваат тенк и четворица окупатори. Само еден ќе ја избегне смртта и ќе стане затвореник. Тоа е почетокот на една возвишена авантура во којашто секој од нив ќе ја пронајде солидарноста во себеси.

Со титл на македонски јазик.

Резервирајте и подигнете билети во Кинотеката на Македонија, на следните телефонски броеви: (02) 30 71 814, 30 65 968.