следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Изложба на фотографии на Надар

„Славните портрети на Надар“

Свечено оворање: Четврток 6 декември 2018, 20 часот
Културен центар „Мала станица“

 

На 6 декември 2018, г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, г-ѓа Дита Старова Ќерими, Директорка на Националната галерија на Македонија, и г-ѓа Лор Верон, кустос во Музејот Jeu de Paume, официјално ја отворија изложбата на фотографии „Славните портрети на Надар“.

Оваа педагошка изложба, доказ за големината на делото на Надар, којшто низ фотографии ги прикажал најзначајните личности на Франција во 19-тиот век, во просторот на Национална Галерија На Македонија - Мала Станица на отворањето собра бројна и заинтересирана публика.

Оваа екслузивна изложба од 41 висококвалитеткна репродукција е овозможена од Музејот Jeu de Paume.

Изложбата е отворена за посети до 27 јануари 2019 година.

Настанот се организира во партнерство со Националната галерија на Македонија и е поддржан од Зегин и од Охридска банка - Société générale


Линк кон настан на ФБ.

Линк кон галерија со фотографии од отворањето на изложбата.

 

*     *     *

Гаспар-Феликс Турнашон (1820 - 1910) станува Надар на дваесетгодишна возраст.

Тој е еден од најначајните фотографи во 19-тиот век познат по портретите на големите мислители, писатели и уметници од овој период: Теофил Готие, Марселин Деборд-Валмор, Жерар де Нервал, Гистав Доре, Бодлер и многу други.