следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ДЕБАТА НА ИДЕИ
„Балканските метрополи наспроти предизвиците на животната средина“

Вторник 27 ноември 2018, 10 ч.| ЕУ инфо центар

Скопје како главен град страда од вообичаените проблеми: големо загадување во зимскиот период, густ сообраќај, непрекинато никнување на нови градби, ширење на градот, подобрување на средствата за јавен сообраќај, недоволно присуство на зелени површини, зголемена миграција во градовите...

Како да се решат овие бројни проблеми?
Како да се изгради град на утрешнината?
Кои се најзначајните влогови од општествена гледна точка за заштита на животната средина?

Со цел да се изнајдат одговори на овие прашања, Францускиот институт во Скопје, во соработка со град Скопје и неколку домашни оператори, организира семинар на којшто ќе земат учество домашни и француски експерти, меѓу кои г-ѓа Мишел Лари-Шарлис, директорка на Бордо Метропола, и на г-ѓа Карин Леже, директорка за меѓународни односи во асоцијацијата Airparif за чистотата на возухот во регионот Ил-де-Франс.

Проектот е поддржан од Фондот д’Аламбер и од Францускиот институт во Париз.

Со симултан превод.

*     *     *     *

ДОКУМЕНТАРЕН КИНО-КЛУБ
„Последните денови на Шибати“

Вторник 27 ноември 2018, 18 ч. | Кинотека на Македонија

Во огромниот град Шонкинг, последниот голем кварт е на работ на уништување, а неговите жители се преселени. Режисерот се спријателува со малечкиот Зу Хонг и со госпоѓата Ху Лиан, последните сведоци на еден свет кој наскоро ќе исчезне.
Филм на тема екологија и урбанизам, како дополнителна програма на големиот семинар за зачувување на животната средина во град Скопје.