следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Регионален научен собир на тема

„Како се пишува историјата: од сеќавање до запис“

Петок 16 ноември, 10 часот | ЕУ инфо центар


Пишувањето на современата историја денес се соочува со бројни предизвици, особено кога е во прашање блиската историја на народите кои преживеале конфликт.

Во текот на изминатиов четврт век, Балканот мина низ период обележан со болни и трагични случувања. 

Како да се пишува историјата и како да се води политика на помирување? 
Како да се направи осврт кон болните тематики и национализмот? 
Како да се постигне еден помирувачки поглед кон конфликтите во блиското минато?

Само отворениот и непристрасен осврт кон современата историја, осврт којшто ги негува сеќавањето и граѓанската должност, може да доведе до помирување и зближување. 

Со учество на:
- г-дин Жан-Кростоф Буисон, помошник директор во списанието „Фигаро Магазин“, 
- г-дин Беноа Ивер, директор на издавачката куќа „Перен“, 
- г-дин Емануел Ешт, новинар и историчар, 
- г-дин Флорин Туркану, професор од Букурешт,
- г-дин Артан Путо, професор од Тирана, 
- г-дин Петар Тодоров, историчар, и
- г-дин Роберт Јанкулоски, професор и фотограф. 

Со симултан превод.

Со поддршка на Регионот Нормандија.

Ве молиме за потврда на присуството на следниот мејл: culture@ifs.mk