следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Книжевна средба со авторот Матијас Енар 

„Животниот пат на еден писател и неговите омилени автори“


Вторник 16 октомври 2018, 10 ч.
Катедра за француски јазик при Филолошки факултет „Блаже Конески“ 

 

Матијас Енар е роден во 1972 година. Тој студирал персиски и арапски јазик и има реализирано долги престои на Средниот Исток. Живее во Барселона. Има објавено три романи прку издавачката куќа Actes Sud : „Совршен истрел“ (2003, Награда на петте континенти на Франкофонијата), „Да се преплива Ориноко“ (2005) и „Појас“ (2008), којшто беше поздравен со книжевните награди Décembre 2008 и Ливр Ентер 2009.

Овој писател булимичар ја добива престижната награда Гонкур во 2015 година за романот „Компас“, роман прожнеан со кризи на идентитетот и човечки традгедии коишто пустошат во Сирија. Стрелката на компасот покажува секогаш север, но онаа на Матијас Енар, помалку комична, секогаш оди кон исток или кон југ. Насекаде каде што се простира Истокот, дури и зад границите на државите на овој простор, со векови наназад има војни или изливи на национализам. Истокот. Каде започнува тој? Кој се инспирира од него, зошто и во колкава мера?

Дојдете на средбата и дознајте!