следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

„Виното, пишаниот збор и пријателите“

Жан-Клод Пирот предвиде: „Еден ден ќе се криеме за да читаме, како што дојде време да се криеме за да пиеме.“

Од 3 до 13 октомври 2018, во потесен круг ќе му оддадеме почест на виното, од Скопје до Охрид, минувајќи низ долината на Вардар, Пелагонија, реката Пчиња и Осоговските планини.

Зошто го сакам македонскотот вино? Бидејќи не и’ се приклучи на глобализацијата. Тоа е едно домашно благородно вино, врзано за својот тероар, за својот идентитет. Тоа е всушност и најубавото нешто.

Земете ја сортата Вранец, која и’ припаѓа на стара лоза црно грозје од централно-западен Балкан и вирее во топла клима. Сортата Вранец дава темно црвено, суво вино со умерен вкус. Не содржи танин во големи количини. Здраво е за срцето. Каде се неговите нијасни на елеганција? Арома на чоколадо, ликер, цвеќиња и темноцрвени овошки. Тука ќе сопрам оти не сум специјалист.
Нема ништо подобро од македонски винар, оној вистински, за да ги разбуди спомените со пријателите со шише бело, розе или црвено вино во еден природно раззеленет амбиент.

Во период од две недели, Францускиот институт во Скопје ќе ги посети винарските визби низ Македонија. За таа цел поканивме познавачи на виното: Себастијен Лапак и Оливје Пишери, првиот книжевен критичар во Figaro и автор на хроники во Vin de France, другиот винар во долината на Лоара. Оливие ќе ни зборува за работата во винарството, за почвата, за контрола на ризиците од некористењето на пестициди ниту инсектициди, за вината без адитиви, за природните вина.

Со Себастијен и Оливје ќе говориме за вината - и тоа многу. Да се говори за виното, значи да се осети вкусот на виното повеќепати. Тоа значи и да се зборува за стилот, за задоволството, за пријателството, за спецификите на дадено поднебје, за органското производство, за благородноста, за природата, за едноставноста, цените, расипливоста, за староста.

Тие ќе ги споделат и нивните мислења за француските и македонските вина.

 *   *   *

По предавањата на г-дин Оливие Пишери на тема „Духот на витикултурата преку духот на органското вино“ во четврток 4 октомври во Францускиот институт во Скопје и петок 5 октомври 2018 во Француската алијанса во Битола, следи предавање со уште еден француски експерт на тема вино.

 

Четврток 1 ноември, 18 ч. | Француски институт во Скопје

Предавање на Себастијен Лапак и дегустација
„Виното, пишаниот збор и нивните љубители“

Себастијен Лапакќе ни говори за неговата љубов кон виното, за која пишува во неговата книга
„Кус Лапак за пријателството низ виното“.

По предавањето следи дегустација на вината на „Камник
и на традиционални сувомесни производи од францускиот реномиран производител „Луј Оспитал“ од регионот Баскија.

Со оглед на ограничениот простор во Францускиот институт, присуството е со покана.

 

*   *   *

Г-дин Себастијен Лапак е роден во 19714 год., во Германија. Тој е романсиер, есеист, критичар во магазинот Figaro littéraire. Неговиот прв роман „Тајните барикади“ беше објавен во 1998 година. Потоа, следи „Среќни идеи“ во издение на Actes Sud, во 1999, за којшто ја добива наградата François Mauriac на Француската академија. Следниот роман е „Француска митологија“ исто така во издание на Actes Sud, во 1998 година,за којшто е награден со Goncourt за новела.
Патувањата во Бразил му послужија како инспирација за делата „Под сонцето на прогонот“ и „Жорж Бернанос во Бразил 1938-1945“ (Grasset, 2001), за дневникот од Амазонија : „Кусо патување по рамноденица“  (Sabine Wespieser Editeur, 2003), за антологијата „Вкусот на Рио де Жанеиро“ (Mercure de France, 2004) и за романот „Конвергенција на пасатите“ (Actes Sud, 2012). Тој е писател со бројни центри на интерес, којшто се осмели да каже, после Пол Валери, „Признавам, сè ме интересира“. Воедно, тој има објавено многу предговори, книги од областа на гастрономијата со гасконскиот шеф-готвач Ив Камдеборд (Room Service, Actes Sud, 2006), есеи посветени на витикултурата и виното, памфлет против Претседателот на француската република („Треба да си оди“, Babel, 2012), една поповед („Проповед на Свети Франсоа д'Асиз за птиците и ракетите“, Stock, 2008) и еден дневник („Случајно и често“, Actes Sud, 2010). 

*   *   *

Г-дин Оливје Пишери, по богатата кариера во француската администрација, се повлекува на својот имот на Кло де Сабл и започнува да произведува органски вина. Г-дин Пишери ќе зборува за големите предизвици со коишто се соочува процесот на производство на органски вина, за обработката на почвата без пестициди и инсектициди, за винификацијата без адитиви преку која се добиваат вина со посебен и поинаков вкус од претходините без притоа да го негира процесот на производство којшто се користел во минатото.