следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Семинар за зачувување и промоција на манастирот во Курбиново 

Петок 28 септември 2018, 9 ч. | ЕУ инфо центар

Здружението „Македонида“ во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Франција и Францускиот институт, повеќе години наназад делуваат во насока на зачувување на вредноста на манастирот во Курбиново, бисер од 12-тиот век којшто е во фаза на реставрација.

Благодарение на поддршката од Европската унија во рамките на Деновите на културното наследство и во соработка со Дирекцијата за заштита на културно-историско наследство, семинарот се одржува со цел да го промовира овој недоволно познат културно-историски споменик.

Учество ќе земат повеќе европски експерти меѓу кои г-дин Ерве Декломенил, француски архитект којшто пред кусо време објави студија за овој манастир.