следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Празник на музиката во Битола

Диџеј сет на Џон До

Четврток 21 јуни 2018, 20 часот
Пешачка улица Битола


Француската Алијанса од Битола, долгогодишен партнер на манифестацијата Празник на музиката во овој град, за ова издание го покани познатиот музичар Џон До, којшто редовно настапува на француско-германската сцена од 2001 година наваму. 

Настапувал заедно со некои од најголемите имиња на техно музиката, како Пол Ван Дајк и Мартин Шулц, а неговите миксови ги разиграа присутните низ разновидни музички жанрови, од deep house до trance goa.

Концертот е организиран од Француската алијанса во Битола, со поддршка на Францускиот институт во Скопје.