следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Комеморација на стогодишнината од Македонскиот фронт во Првата светска војна
31 мај - 3 јуни 2018

 

Следете ги и учествувајте во одбележувањето на стогодишнината од Македонскиот фронт во Првата светска војна преку социјалните мрежи: #Monastir2018

Преземете ја програмата на стогодишнината од Македонскиот фронт во Првата светска војна.

Четврток 31 мај 2018, 10 часот | Меморијал во Битола
Официјално отворање ма Меморијалот во Битола 
Меморијалот во Битола, плод на долгогодишна работа на помеѓу Амбасадата на Франција во Скопје и Меморијалот во Каен, официјално ќе го отвори г-ѓа Женевјев Дарјесек, Државен секретар при француското Министерство за одбрана.

Четврток 31 мај 2018, 15 часот | Хотел Епинал, Битола
Официјално отворање на научната конференција
„Заштита на неборците од Македонскиот фронт во Првата светска војна до денес“
Научниот собир, којшто ќе трае од 31 мај до 1 јуни 2018, за тема ги има страдањата на цивилното население, како што се ранетите и воените затвореници, и теми кои се и денес актуелни. Себастијен Ботро-Бонтер, како координатор на проектот, го замисли истиот како плуридисциплинарен настан којшто на едно место ќе собере меѓународни експерти по историја, право, политички науки и тоа со една цел: сочување на сеќавањата со историјата, на минатото со сегашноста, а воедно и да се истакне стравичноста на војната.
Научниот собир се организира од страна на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, со поддршката на Мисијата Стогодишнина од Првата светска војна и Регионот Нормандија, а во рамките на програмата Нормандија за мирот.
Со симултан превод.

Петок 1 јуни 2018, 16:10 ч. | Хотел Епинал, 
„Марш во знак на сеќавање, од Битола до Солун: Патувањата низ книжевноста, книжевноста низ патувања“
Предавање на г-дин Емануел Рембер, Директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција, и г-дин Емануел Ешт, новинар и историчар.
Со симултан превод.

Петок 1 јуни 2018, 20:00 ч. | Клуб „Порта Џез“
Концерт на групата „Фолтин“
Француската алијанса во Битола организира концерт на популарната битолска група „Фолтин“. Последниве 20 години, Фолтин е на врвот на македоснката арт сцена. Тие имаат изведено бројни концерти и настапиле на многу фестивали ширум земјава и странство. Групата има издадено 8 успешни албуми.
Концертна програма: француски шансони низ нов и оргинален аранжман и музика од нивните албуми.
Влезот е слободен.

Недела 3 јуни 2018, 9 часот | Француски гробишта во Битола
Поаѓање на Маршот во знак на сеќавање
„На магаре долж линијата на Македонскиот фронт“
Еден век подоцна, двајца патувачи, придружувани од водичот Петар Нолев, со магаре и мазга, ќе појдат по патот на борците на Македонскиот фронт од 1916 година: 240 километри пеш, од Битола до Солун.
12 дена низ рововите на Македонскиот фронт, но и по стапките на Роберт Луис Стивенсон („Патување со магаре низ Севените“, 1879 год.) и поезијата на Френсис Џејмс (1868 - 1938). Патувачите ќе водат дневник во којшто ќе ги опишат најсилните мигови, доживувањата и историските случки по трасата.
Двајцата патници се Емануел Рембер, дипломат и автор на „Шапката на Баренц“ (ед. Magellan et compagnie, 2009), „Немирни денови во Либија“ (ед. Equateurs, 2014) и „Лотарингија“ (ед. Pierre-Guillaume de Roux, 2017), и Емануел Ешт, новинар (Les Echos, l’Express) и издавач (ед. „Perrin“).