следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Циклус во чест на стогодишнината од раѓањето
на познатиот режисер Жан-Пјер Мелвил


Четврток 10 мај 2018, 20 чаот
 | Кинотека на Македонија

Презентација на делото на Жан-Пјер Мелвил од страна на г-дин Стојан Синадинов, филмски критичар.

„Црвен круг“ (1970) на Жан-Пјер Мелвил, со Ален Делон, Андре Бурвил, Жан Марија Волонте 
Пред да излезе од затвор, Коре добива понуда од затворскиот чувар да ограби позната продавницата за скапоцен накит на плоштадот Вандом. Командирот Матеј е задолжен да да го превезе државниот непријател Вожел од Марсеј во Париз. Вожел успева да избега и се крие во багажникот на автомобилот на Коре, со кого и ќе се спријатели. Коре и Вожел решаваат заедно да ја ограбат продавницата и го повикуваат Јансен, поранешен полицаец којшто бил избркан поради алкохолозам. 

 

Петок 11 мај 2018, 20 часот | Кинотека на Македонија

„Армија на сенките“ (1969) на Жан-Пјер Мелвил, со Лино Вентура и Симон Сињоре
Октомври 1942 година. Филип Жербие е инженер во Јавни патишта и припадник на Отпорот. Како жртва на предавство, ќе биде затворен во еден француски логор. Успева да избега додека го превезуваат до полициската станица на Гестапо во Париз и веднаш ќе им се приклучува на членовите на неговата мрежа во Марсеј. Жербие, заедно со другарите Феликс и „Маската“, треба да го погубат младиот Дуна, којшто е одговорен за неговото апсење. Паралелно, Жан-Франсоа, пријател од неговата единица, му се приклучува на Отпорот...

Филмовите се со превод на македонски јазик.

Резервирајте и подигнете билети во Кинотеката на Македонија, на следните телефонски броеви: (02) 30 71 814, 30 65 968.