следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Дизајн излози во Францускиот институт

Изложба „ДеликАРТесна продавница“

 

На 8 мај 2018, во Францускиот институт во Скопје, успешно се отвори изложбата на прекрасните дела на младите таленти од факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.

Изложбата ќе биде поставена во текот на наредните два месеци во излогот на Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ја отворија г-дин Емануел Рембер, Директор на Францускиот институт во Скопје, и Проф. Д-р Јана Манева-Чупоска, Декан на Факултетот за Арт и Дизајн.

„ДеликАРТесна продавница“ е студентска изложба, на студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет - РМ од катедрите за моден дизајн, графички дизајн и дизајн на ентериер.

Изложбата претставува интересен спој на модни креации и дизајн решенија произлезени од сите три катедри, од наставната програма на Факултетот за арт и дизајн под менторство на наставниот кадар:

  • Проф.д-р Јана Манева – Чупоска (Декан)
  • Проф.д-р Гордана Вренцоска (Продекан)
  • Вон.проф.м-р Зоран Ѓурески
  • Вон.проф.м-р Маја Кировска
  • Вон.проф.м-р Христијан Санев
  • Доц.м-р Маја Ѓуреска
  • Доц.м-р Благојче Наумовски
  • Доц.д-р Иванка Апостолова
  • Доц.м-р Дејан Ивановски
  • Асс. Александра Јовановска
  • Асс. Екатерина Намичева
  • Елена Макаровска

Изложбата се организира во соработка со Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.

Линк кон галеријата со фотографии од вечерта на отворањето.