следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Омаж на Жан Рошфор

„Одморот на г-дин Бин“ 
(2007) на Стив Бендалак, со Роан Аткинсон, Вилијем Дефо, Ема де Кон и Жан Рошфор

Понеделник 30 април 2018, 20 часот
Кинотека на Македонија


Мистер Бин е награден со една недела одмор и со видео камера. Ја напушта родната Англија и заминува во Франција. Kога ќе пристигне во Париз, ќе побара од еден патник да го сними како се качува на воз за Кан. Човекот, всушност, е рускиот режисер Емил Дучевски, кој патува за Кан со цел да биде дел од жирито на Филмскиот Фестивал. Во конфузијата на поаѓањето, Дучевски го пропушта возот . Мистер Бин се наоѓа во возот со Степан, неговиот десет годишен син, кој не знае еден збор англиски. За Мистер Бин и Степан започнува патешествие кон југот на Франција, исполнето со изненадувања, средби и луди авантури. 

Филмот е со превод на македонски јазик.

Резервирајте и подигнете билети во Кинотеката на Македонија, на следните телефонски броеви: (02) 30 71 814, 30 65 968.