следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Отворање на Скопје танц фест
Доделување на почесна награда на познатиот француски кореограф Дидје Дешан


Среда 4 април 2018, 20 часот
Македонски народен театар

Дидје Дешан е француски танчер, кореограф и педагог, роден во Лион, во 1945 година. Тој се школувал во Лион, кај Мишел Але, а потоа во Париз во Интернационалниот центар за танц. Студирал во Њујорк, во студиото на Мерс Канингам.

Во почетокот, Дидје Дешан настапува како дел од домашни и меѓународни теанчерски групи, но и како дел од групата на Режин Шопино.

Од 1999 година наваму, тој работел како инспектор по танц, а потоа и како главен инспектор, именуван од страна на Жак Ланг. Од 1-ви јули 2000 година до 2011, работи како директор на Националниот цетар за кореографија - Балетот на регионот Лорен, место кое го наследи од Пјер Какот, којшто беше на чело на овој центар од 1999 година.

Од јули 2011 година наваму, тој е Директор на националниот кореографски центар во Шајо.

По доделувањето на наградата, Танц фест 2018 ќе биде отворен со два танчерски перформанси: „Орландина“ и „Д.О.Л“.