следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Празник на Франкофонијата во Битола и во Тетово

БИТОЛА
Вторник 13 март 2018, 20 часот | Клуб „Порта џез“ во Битола
Концерт на француски шансони на Шарл Батист
Синтисајзер: Сурја Воравонг
Звук: Жереми Дерипе

Шарл Батист за првпат бил забележан за време на еден регионален фестивал, по што станува откритие на Chantier des Francofolies de La Rochelle. Тој настапувал како предконцертен изведувач на големите концерт на Ла Гранд Софи, Оливија Руиз и Жак Ижлен, а потоа потпишува и договор со компанијата Mercury (Universal). Го издава и првиот албум „Први исповеди“, на почетокот на 2012 година, во кој се истакна со нумерата „Исто сум кул колку и ти“.
Веќе во 2013 година се шират границите на неговата популарност со адаптацијата на хитот на Дафт Панк, „Get Lucky“, во „Биди среќен“, како и со промоцијата на римејкот на „Исто сум кул колку и ти“, овојпат пропратен со интересен видео-клип.
Пејачот со големи очила работи на албумот „Неискажливи чувства“. 
Шарл Батист настапува во Македонија во рамките на неговата регионална турнеја, веднаш по Тирана и Приштина. 
Дојдете и погледнете го овој млад изведувач, којшто минатата година во Скопје одржа извонреден концерт во рамките на Франкофонијата и ја стана салата на нозе!
Во соработка со културните сектори на Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово, како и со Француските алијанси во Битола и во Тетово.

ТЕТОВО
Среда 14 март 2018, 20 часот | Кафе-бар „Тантра“ во Тетово

Вечер со Шарл Батист
Шарл Батист ќе анимира работилница со учениците во Француската алијанса во Тетово и вечерта екслузивно ќе настапи како диџеј. Не пропуштајте!