следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Ја славиме Франкофонијата!

Концерт „Фолтин за Франкофонијата!“

Четврток 22 март 2018, 20 часот | Младински културен центар

 

На 22 март 2018, во Младинскиот културен центар, познатиот македонски бенд „Фолтин“ настапи со извонреден концерт во чест на Франкофонијата.

Младата франкофонска и франкофилска публика беше на едно место и ги испеја познатите француски шансони, како Ла Жаванез, Натали, Доаѓам..., но и хитовите на „Фолтин“.

Ја прославивме Франкофонијата на динамичен, енергичен и ритмичен начин, онака како што му доликува на празникот на францускиот јазик!


*    *    *

Веќе 20 години Фолтин е на врвот на македонската арт сцена. Групата има одржано бројни концерти во регионов и надвор, а има издадено и 8 успешни албуми.

Фолтин е една од најпознатите македонски групи чијшто начин на музицирање, честопати квалификуван како надреален, создава интензивен и срдечен амбиент, а нивните настапи се претвораат во вистински перформанси.

Музичкиот јазик на Фолтин е замислена фонетска мешавина на неколку јазици, меѓу кои шпанскиот, португалскиот, романскиот и особено францускиот јазик. 

Линк кон галерија со фотографии.