следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Изложба
„Париски сигнатури“

Петок 16 март 2018, 19 часот | Галерија „Акантус“

Просторот на галеријата Акантус беше преполн со бројна публика по повод отворањето на извонредната изложба „Париски сигнатури“.

Изложбата, чиј избор на дела беше на кустосот Марина Лешкова, опфаќа 40 дела од значајни македонски уметници иснпирирани од нивниот престој во Франција и во Париз.

Изложбата беше поставена во чест на одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија, а официјално ја отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција. Тој, во рамките на својот говор, истакна дека врските помеѓу двете земји се далеку подлабоки од овој јубилеј, а некои дела се совршен пример за тоа.

Изложбата ќе биде отворена до 20 април и во овој период се предвидени и средби со дел од уметниците.

Линк кон биографиите на уметниците чиишто дела ќе бидат изложени.

Каталог на изложбата.

Линк кон фотографии од вечерта на отворањето.

___________________________

(...) Поводот за оваа изложба, сам по себе е значаен и нуди можност да се обѕирнеме кон минатото кое ќе нѐ доведе до сегашноста и ќе понуди еден пресек или синтеза на значајни ликовни ракописи со автохтона ликовна исказност.  Поставката на изложбата е составена од веќе одржани или тековни уметнички настани на македонските уметници, кои ни даваат можност за миг да ја почувствуваме и апсорбираме париската атмосфера, преку оптичката перцепција која се случила и повторно нѐ враќа во трезорот на културните богатства на различности и на дијалог со Франција која е доживеана како сопствен мит. Духот на Париз е пренесен во јавноста преку делата на уметниците кои не познаваат граници и кои го врежале своето богатство на неповторливост во времето и просторот.(...)
Марина Лешкова

(...) Многу ме радува оваа изложба. Таа нè  потсетува дека пријателските врски помеѓу нашите две земји почиваат врз долга традиција каде што културната и уметничката размена зазема значајно место.
Емануел Рембер