следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ИН витрини во Францускиот институт

Отворање на изложбата 
„Новиот бран“

Среда 28 февруари 2018, 18 часот | Француски институт во Скопје

 

По повод 25-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија, Францускиот институт во Скопје, во соработка со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ја организира изложбата „Новиот бран“.

Отворањето на изложбата се случува во предвечерието на месец март, во знак на отворање на месецот на Франкофонијата.

Новиот бран е движење во француската кинематографија кон крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години, преку кое францускиот филм се отвори за еден поинаков, нов начин на снимање филмови, којшто и’ се спротистави на традицијата. Општествените промени и промената на начинот на живеење, желбата да се трансформира филмот и да се прекине со минатото се во средиштето на Новиот бран.

Студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет преку нивните креации ќе го прикажат нивниот поглед кон овој феномен.
Тие работеа под менторство на Лидија Георгиева, реномирана дизајнерка и професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Три студентки, чијшто престој на Модната недела во Париз беше поддржан од Францускиот институт во Скопје, ќе ги споделат нивните искуства за време на овој престој.

Едиторијал „Излог“ на Емануел Рембер.