следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Омаж на Жан Рошфор

„Честа на офицерот“

на Пјер Шендорфер (1977)
со Жак Перен, Клод Риш и Жан Рошфор

Среда 21 февруари 2018, 20:00 ч. | Кинотека на Македонија


Пред проекцијата, г-дин Емануел Рембер, Директор на Францускиот институт во Скопје, ќе направи куса презентација на филмот.

Дејството се одвива на воен брод, којшто има за задача да придружува рибарски бродови кои пловат кон Њуфаундленд. Еден командат и двајца членови на екипажот се присетуваат на честа на еден командант, со кого тие учествувале во војните во Индокина и во Алжир.

Филмот е со превод на македонски јазик.

Резервирајте и подигнете билети во Кинотеката на Македонија, на следните телефонски броеви: (02) 30 71 814, 30 65 968.