следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Ноќ на идеите во Скопје 2018
Тема „Моќта на креативноста“


„Младите и иновациите“

Четврток 8 февруари 2018, 18 ч.
Машински факултет во Скопје


По успехот на двете изминати изданија, Францускиот институт во Париз повторно ја организира манифестацијата „Ноќ на идеите“ на заедничка тема „Моќта на креативноста“.
Се работи за меѓународен настан, за една широка средба посветена на современата мисла и на споделување на идеите на светско ниво.
На темата за 2018 година, „Моќта на креативноста“, „Ноќта на идеите“ ги поттикна интелектуалците, истражувачите и уметниците од најразлични сфери во светот да дебатираат на истата.

Ноќта на идеите во Скопје се одржа на 8 февруари 2018, во срцето на универзитетскиот камупус посветен на техничките и инженерските науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, чија централна тема беше младите и иновациите.

Вечерта ја отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и г-дин Арбер Адеми, Заменик-Министер за образование.

Г-дин Оливие Крузе, педагошки директор на Школата 42 и почесен гостин на настанот, на извонреден начин ги претстави педагошките и иновантни методи на предавање низ видео игри, кои имаат за цел да ги развијат кај студентите способностите за прилагодување, креативност, соработка и пребарување на информации.

Волхан Салаи, едниствениот студент од Македонија на Школата 42 и стажант во најолемиот стартап инкубатор Станица Ф, ја заокружи низ презентацијата на оваа уникатна восокообразовна установа.

Професорот Радмил Поленаковиќ смета дека е потребно македонскиот образовен систем да посвети поголемо внимание на насочувањето на младите кон претприемништвото.

Г-дин Кристијан Данаиловски, коосновач на FX3X компанијата, специјализирана за анимации и визуелни ефекти, којашто работи за значајни холивидски продукциски куќи, даде пример за македонски стартап којшто постигнал меѓународен успех.

Г-дин Александар Стамболиев, модератор на дебатата и директор на Фондацијата „Проф. Д-р Димитар Стамболиев“, го даде заклучокот на дебатата: развивајте ги креативноста и иновативноста во вас, тие носат со себе огромен потенцијал!

Настанот се организира во соработка со Машински факултет, Факултет за електротехника и информациски технологииФакултетот за информатички науки и комјутерско инженерство и Фондација „ Проф Д-р Димитар Стамболиев“.

Линк кон галерија со фотографии од настанот.