следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Прослава на Елисејскиот договор

Понеделник 22 јануари 2018, 19:00 ч. | ТВ Телма

Излагања на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и
Н.Е. г-дин Томас Гербих, Амбасадор на Германија, на ТВ Телма


Француско-германската спогодба, наречена Елисејски договор, е билатерален договор помеѓу Федерална Република Германија и Француската Република, потпишан во Елисејската палата на 22 јануари 1963 год., од страна на германскиот премиер Конрад Аденауер и францускиот претседател Шарл де Гол.
Овој договор подразбираше воспоставување на релации на пријателство и доверба помеѓу двете земји, како и развој на бројни соработки во најразлични домени. Со овој договор се втемели француско-германското пријателство.