следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Книжевна средба со авторот Давид Фоенкинос

Понеделник 20 ноември 2017, 12 часот 
Француски институт во Скопје

Прекрасна средба со популарниот француски автор Давид Фоенкинос и режисерот Стефан Фоенкинос во Францускиот институт во Скопје и промоција на преводот на македонски јазик на романот „Деликатност“, во издание на ИЛИ-ИЛИ. Преводот на е на Катица Гароска-Ацевска.
Бројна млада публика, којашто се интересираше за книжевниот пат на авторот и за неговата инспирација. Стефан Фоенкинос, пак, рече дека суштината на работата „со четири раце“ со неговиот брат се состои во изнаоѓање на главниот лик, којшто секогаш се раѓа низ взаемна дискусија. Да се биде писател, за Давид Фоенкинос, не е однапред промислен избор, туку видливост, пасија, опсесија. 

*   *   *

Давид Фоенкинос е роден во Париз во 1974 год. На 16-годишна возраст, тој добива белодробно заболување и е принуден на двомесечен престој во болница. Тогаш почнува интензивно да чита и да свири на гитара. Студира книжевност на Сорбона и станува професор по гитара.

Во 2002 год., по карииерата како прес-аташе, тој го издава својот прв роман „Инверзија на идиотизмот“ преку издавачката куќа „Галимар“. Добитник е на наградата Роже-Нимие за книгата „Еротскиот потенцијал на мојата сопруга“, издадена во 2004 година. Романот „Деликатност“, во 2009 година, ќе му ја донесе популарноста. Во 2011 година, заедно со брат му, го адаптира романот за големото платно, а тоа е истата година кога го издава и романот „Спомени“, неговата најавтобиографската книга. Оваа книга во 2013 год., е исто така прилагодена за филм, од страна на режисерот Жан-Пјиер Рув. Во 2014 год., ја објавува “Шарлот“ вистинска приказна за еврејска сликарка депортирана во Аушвиц, чии дела се изложени во Еврејскиот музеј во Амстердам, Овој роман ја добива наградата „Ренодо“.

Делумна библиографија:

  • Шарлота (Gallimard, 2014)
  • Подобар сум (A vue d'oeil, 2013)
  • Бернар (Les Editions du moteur, 2012)
  • Спомени (Gallimard, 2011)
  • Ленон (Plon, 2010)
  • Деликатност (Gallimard, 2009)
  • Нашите разделби (Gallimard, 2008)
  • Самостојни срца (Grasset, 2006)
  • Еротскиот потенцијал на мојата жена (Gallimard, 2004)
  • Помеѓу ушите (Gallimard, 2002)
  • Инверзија на идиотизмот : влијанието на двајца Полјаци (Gallimard, 2001)