следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

FFFMK 10 ВО ГЕВГЕЛИЈА

29 - 30 септември 2017

Во соработка со Народниот театар во Гевгелија, како и со поддршка на партнерите на фестивалот: Охридска банка - Société généraleTV5 MondeEuroimpex PeugeotМладински културен центарПублицис и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје.

Филмовите се со превод на македонски јазик.

Отворање на Фестивалот 
Петок 29 септември 2017 | Народен театар во Гевгелија

19:30 ч. | „Убавка и Себастијен“ (2013, 1ч. 44)
на Никола Вание, со Феликс Босие и Чеки Карјо

Сè се одвива на височините на Алпите, онаму каде планинските врвови ги допираат облаците. 
Се случува средба помеѓу едно осамено дете и диво куче. Се случува авантура и силно пријателство. 
Филмот е емотивна приказна за снаодливо дете среде Втората светска војна. Тој е одисеја за едно момче во потрага по мајка си, за еден старец во потрага по своето минато, за војник во потрага по љубовта, за млада жена во потрага по авантури, за еден германски поручник во потрага по прошка.

21:30 ч. | „Човекот што многу го сакаа“ (2014, 1ч. 56)
на Андре Тешине, со Гијом Кане, Катрин Денев, Адел Енел

Во 1976 год., по неуспешниот брак, Ањес Ле Ру се враќа од Африка кај мајка си Рене, којашто е сопственичка на казиното Медитеранска Палата во Ница. Младата жена ќе се вљуби во десет години постариот Морис Ањеле, адвокат и близок пријател на Рене. Додека Морис одржува врски со други жени, Ањес е страсно вљубена во него. Како акционерка на казиното, таа сака да го продаде семејното наследство за да се осамостои. Една наместена игра ќе ја испразни касата на казиното, а ќе започнат и закани за Рене од страна на мафијата, особено од Фратони, сопственик на конкурентско казино, кој сака да ја преземе Медитеранска Палата. Морис ќе ја запознае Ањес со Фратони, којшто и’ нуди три милиони фрнаци за да гласа против мајка и’. Ањес прифаќа, Рене го губи казиното. Ањес тешко го доживува сопственото предавство кон мајка си, а Морис се оддалечува од нејзе. По еден неуспешен обид за самоубиство, на Духовден 1977 година, таа исчезнува. Нејзиното тело никогаш нема да биде пронајдено. Триесет години подоцна, Морис Ањеле останува вечниот осомничен на ова злосторство без докази, ни труп. Рене е убедена во неговата вина и се бори да биде казнет...

 

Сабота 30 септември 2017 | Народен театар во Гевгелија
19:30 ч. - „Семејството Белие“
 (2014, 1h46)
на Ерик Лартиго, со Луан Емера и Карин Вијар

Во семејството Белие сите се глуви, освен шеснаесетгодишната Пола. Таа им е потребна на нејзините родители за да им преведува во секојдневието, а најмногу при работата на семејната фарма. Еден ден, професорот по музика во неа ќе го открие талентот за пеење и, благодарение на неговата поддршка, таа решава да се подготви за натпреварот на Радио Франс. Се работи за животен избор, којшто би ја оддалечил од семејството, но значи и неизбежен премин кон зрелоста.

21:30 ч. | „Случајот СК-1“ (2015, 2ч. 00)

на Фредерик Телие, со Рафаел Персоназ и Натали Бај

Париз, 1991 година. Франк Мањ е млад инспектор, кој ја започнува кариерата во полиција, во криминалното одделение. Неговата прва истрага е по убиецот на млада девојка. Истрагата трае 8 години, којашто тој посветено ќе ја продолжи, иако никој не верува во конечниот исход. Во текот на цела деценија бројот на жртви се зголемува, трагите постепено се губат, а свирепите убиства не престануваат. Франк е решен да го запре чудовиштето... 
Филмот е снимен според вистинит настан.