следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ФРАНЦУСКА ВЕЧЕР НА CINEDAYS - ФРАНЦУСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ 10
“10 ГОДИНИ ФРАНЦУСКИ ФИЛМ ВО МАКЕДОНИЈА“

Францускиот филмски фестивал ќе има своја вечер со проекција на два извонредни актуелни филмнски хитови во рамките на Фестивалот на европски филм Cinedays, а со поддршката на партенрите на фестивалот: Охридска банка - Société généraleTV5 MondeEuroimpex PeugeotМладински културен центарПублицис и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје.

Четврток 16 ноември 2017, 20 часот | Кино „Милениум“

20 часот: „Подмолен љубовник“ (2017, 1ч. 47min)
на Франсоа Озон, со Марин Вач, Жереми Рение, Жаклин Бисе

Филмот имаше 8 номинации на овогодишниот Кански филмски фестивал.

Клое е млада ранлива жена, којашто се вљубува во нејзиниот психотерапевт Пол. Неколку месеци подоцна, тие започнуваат да живеат заедно, но таа открива дека нејзиниот љубовник крие дел од неговиот идентитет.

___________________________

22 часот: „Годар“ (2017, 1ч. 42min)
на Мишел Азанависиус, со Луј Гарел, Стаси Мартен, Беренис Бежо

Филмот имаше 6 номинации на овогодишниот Кански филсмки фестивал и 1 номинација на Фестивалот на франкофонски филм во Ангулем.

Париз 1967 година. Жан-Лик Годар, најгледаниот синеаст на неговата генерација, го снима филмот „Кинезинка“ со Ан Вјаземски, жената што ја сака и е 20 години помлада од него. Тие се среќни, вљубени, привлечни и се венчаваат. Но, кога неговиот филм излегува, тој започнува длабоко да се преиспитува себеси.
Во мај 1968 година, овој процес ќе земе замаф, акризата низ која минува Жан-Лик силно ќе го измени од популарен кинематограф во маоистички уметник надвор од системот во кој е колку е несфатен од околината, толку и неразбирлив за истата.

Филмовите се со превод на македонски јазик.


Билети се резервираат во киното Милениум..