следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Француски и франкофонски медиуми во Македонија

Сакате да гледате француски или франкофонски канали?

Сакате да слушате,читате и да го вежбате францускиот јазик и да ги подобрите вашите јазични знаења?

Сакате разновиден пристап до информации?

Францускиот институт во Скопје нуди неколку совети како да останетево допир со медиумите на француски јазик:

1.ТВ и радио

  • франкофонскиот каналTV 5 Monde: неколу кабелски оператори во Македонија, како Кабелтел и Телекабел, го пренесуваат овој канал.Распоредот на програмата е достапен на интернет страната на TV5 Monde
    Млади, забавувајте се соемисиите на Tivi5 MondePlus, кои ви се наменети токму вам!
  • France24 (www.france24.com): познатиот канал за континуирано информирање можете да го следите преку Макс ТВ на операторот Т-Мобиле, Близу Македонија и ТРД Роби Кабел.
  • ако сте од подрачјето на Скопје, во вечерните часови можете да ги слушате репризните изданија на емисиите на RadioFrance International на фреквенцијата на француско-македонското радио (91.3 MHz).

    Операторите Кабелтел и Телекабел, исто така, пренесуваат програми на РФИ.

2. Печатени медиуми

  • Францускиот институт во Скопје им нуди привилегиран пристап до францускиот печат на своите членови. Наскоро, преку дигиталната платформа Culturethèque.
  • Станете член на медијатеката на Францускиот институти ќе можете да се информирате преку францускиот печат. Медијатеката на Францускиот институт, ве поканува и во своите простории, каде на ваше располагање секогаш има широк избор на француски списанија.
  • Le Courrier des Balkans е француски регионален и информативен портал. Прочитајте ги преводите на француски јазик на одредени статии за да имате широк увид во случувањата во регионот.
  • Hе заборавајте дека во секој момент можете да ги гледате вашите омилени канали на интернет преку стриминг или да ги преземете програмите што ве интересираат!

Ние ви нудиме некои линкови: