следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Културни престои во Франција

Можеби сте млад уметник, сликар, писател, преведувач, издавач, со одговорна функција во македонска културна институција, или филмски творец?

Сакате да заминете во Франција на уметнички престој?

Сакате да добиете помош при реализирањето на проект за издавање на француски дела или филм во француска копродукција? 

Француската влада ви нуди интересни можности за кои ќе можете да прочитате тука!

Отворете ги линковите за да видите дали одговарате за одреден проект и кои документи ви се потребни при аплицирање!

1.Уметнички и книжевни престои

  • Секоја година, француското Министерство за надворешни работи иопштината на градот Паризраспишуваат конкурс за престој на историската локација Реколе.Овој конкурс е отворен за странски уметници и книжевници, кои сакаат да реализираат одреден проект во Париз. Повеќе информации можете да пронајдете на:
    http://www.international-recollets-paris.org/programme.html
  • Меѓународната универзитетска установа во Париз има за цел ги поддржимладите странски уметници и да им ја олесни меѓусебната размена преку престој од 3 до 12 месеци во Париз:
    http://www.ciup.fr/fr/mobilite/artiste/home
  • Меѓународната уметничка установа во Паризпредлага работилници и сместување, им обезбедува престој на уметниците-професионалци, кои работат на уметничко дело во Франција, во период од три месеци до една година:
    http://citedesarts.pagesperso-orange.fr/citedesartsparis.html

2.  Обуки и курсеви за професионалци во областа на културата: 

  • француското Министерство за култура и комуникациисекоја година нуди програми за обука во различни области, а кои се спроведуваат со помош на Домот на светските култури. Овие курсеви се наменети за одговорни лица во сфератана културатаи претставуваат одлична можност за доусовршување во Франција:
    http://www.mcm.asso.fr/site02/courants/index.htm
  • Универзитетот за уметности во Белград,во соработка со Универзитетот Лион 2и Универзитетотза политички студии од Гренобл, нуди регионален франкофонски мастер по менаџмент и културна политика на Балканот:
    http://www.univ-lyon2.fr/master-2-management-et-politiques-culturelles-dans-les-balkans-262648.kjsp

3.Стипендии и помошво областа на издаваштвото:

4.Помош во областа на филмот: 

  • Националниот филмски центар иФранцускиот институт во Париз обезбедуваат селективна помош на странски кинематографи, доколку тие сакаат да реализираат проект во францускакопродукција.Дознајте повеќена: 
    http://www.institutfrancais.com/aide-aux-cin% C3% A9mas-the-world

5.Поддршка за културни проекти од страна на Меѓународната организација на Франкофонијата:

  • МеѓународнатаорганизацијанаФранкофонијата, истотака,дава поддршка прекуфинансирањенакултурнипроективоразличниобласти:
    http://www.francophonie.org/-Appels-a-projets-.html